има (гл.) - рака (имн.)

Јас сум роден, јас ќе умрам. Имам раце и нозе.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Има грст заби кои се непосредно извадени, еден по еден и има рака или грст заби кој човек ги вади од џеб, од порано што ги вадел и ги има со себе за моменти на размена на зборови.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Таа како од пушка почна: „Петре-Петре,пиралче, На грмада седеше...“ Во меѓувреме Јоле или го чу гласот на Петрета или некако се сети на нас и како што ја имаше раката на грбот од срната, се сврти кон даскалницата и го виде Петрета Даскалот седнат на прагот.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Претседателот имаше рака со некаков топол, женски допир.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Левото крило, пасторот Џеф од Црквата на Алијансата, имаше рака како топ.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
И мажите и жените се пресоблекуваа во полутемнината без да водат сметка дека нешто може да им се види, го правеа тоа махинално, набрзина, жените сувите фустани прво врз глава а мокриот под него полека го смакнуваа и немаше што да се види, ама мажите не само што не се срамуваа, туку тоа го правеа и со некое задоволство, ако некоја сака да види нека види, ако не сака има раце, нека си ги стави на очи.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
- Па зарем ветрот има раце, Бато? - се изненади Бреза.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
- Да, тој. Има рака со фат и душа што сака да каже нешто. Не знам што. Не знае ни тој, сѐ уште.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
„Понекогаш,“ му реков, „кога сум будна и ми е тешко, посакувам покрај мене да има рака, и да ја фати мојата рака.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Тогаш сенките на нашите раце се поклопија, неговата и мојата рака ги испреплетоа прстите.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)