има (гл.) - разлика (имн.)

Кога ќе размислиш има разлика.
„Најважната игра“ од Илина Јакимовска (2013)
11. Не еднаш сме спореле оти има разлика помеѓу Крит и Македонија, оти има држави што се заинтересирани за status quo-то и ќе направат сѐ возможно да нема замешување во наша полза.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Со други зборови, тоа значи дека има разлика помеѓу тоа да се има историска меморија за потиснатост и исклученост, како жена, наместо да се биде искуствен референт на една доминантна група, како маж. okno.mk | Margina #1 [1994] 25
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Вратата од детската соба се отвори и еве ти ја пак тетка ми Ана: - Сега ќе дојде, ја викнав.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Сепак има разлика: мајка си е мајка.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Можеше да има разлика само од неколку прста растојание од она место, каде што имаше погодено тој во телото на огромниот див ѕвер, до местото каде што било потребно да се погоди; можеше да се види дека тој бил сосема блиску до тоа место, уште со првиот истрел, иако не изнајде ништо особено за другите два истрела.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Мислам на тие кои станаа Југословени, ама за да има разлика, се нарекоа или ги нарекоа – Егејци.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
„Немој да мислиш дека има разлика меѓу едните, другите и третите; тоа што едните го прават во највалкани соби од полуразурнати куќи, другите во хотели, а третите во дворци, не ги прави различни,” рече брат ми.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Само фасадата се разликува. Внатрешноста на оние кои го прават тоа, е иста.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)