има (гл.) - разбирање (имн.)

Иако тешко работеше секојдневно физичка работа, таа имаше разбирање со сите.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Зачестија и одморите и јас, колку и да имав разбирање за уморот, почнав да се јадам и да покажувам нетрпеливост.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Мајка имаше разбирање и за оваа негова расположба.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Зар ќе можат да го доживеат на сличен начин како и јас оној момент кога мајка ми одредуваше каде ќе треба да копам со истион показалец што го користеше одвреме навреме за да ми го сврти вниманието кон птицата што ја прелетува нашата куќа; или, во други случаи, за да ме предупреди дека некој непознат или некоја од нашите сосетки од зад Долни Рид наближува по каменливата патека?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Дури и оние поединци кои можат да имаат разбирање за ваков вид желби, каква што беше желбата на мајка ми, при изборот на тумбата за гробно место, зар можат да го сфатат начинот на кој беше искажана пораката?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Не сакам да имам разбирање за тие кои таа наша младешка самопаленица си ја присвојуваат, па дури и сега тоа го прават и мислат дека тоа е исклучиво нивна заслуга, па дури и денес во разни прилики и поводи за огромен успех го сметаат чинот, дека по нивна заслугата се крена целиот народ на нога.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
- Меѓу албанските и турските театарџии мора да има разбирање затоа што недоразбирањата се тревога за Чак Норис.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Овој, пак, за да докаже дека има разбирања за страдањата на синот, тргнал по него, но, не заборавил со себе да понесе и пушка.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
А сепак, сите имаа разбирање за него и мислеа дека со нив ќе успее, секоја група, секоја тајфа, што го поведуваше да појде со нив, да се обиде уште еднаш.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Со газдата на дуќанот не се бакнавме, ама не ми удри ни „сиктер“ клоца дека му доцнам само три месеци со наемнина, ама има разбирање за мојата финансиска положба, а и јас за тоа што не беше срдечен со мене, а и незгодно е, многу ми е ачик дуќанот, па ќе види некој, па од несвидлак ќе ни извади муабет... па после, бруки и срамои!
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
И така, мене ми успеа од третпат и направив само гужва... момците имаа разбирање, па жена сум... и плавуша!
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Кој има разбирање овде за уметноста, кој чул за Роден, Мур.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Таа беше школувана жена и како Мајка, имаше разбирање за порокот книги на својот сопруг, ако тоа беше навистина порок.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Мислеше на Јана и не беше веќе бесен на Ивана со врелина прашувајќи се зошто луѓето стануваат рамнодушни кон своите ривали и зошто ноќе имаат разбирање за нив.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Со нив не можеше да се разговара, сеедно, тоа и не ќе вредеше, зашто сега, по својот голем љубовен успех, тие имаа разбирање само за себе.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Беше тоа нејзино мало жртвување за кое мораше да се има разбирање.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Навистина, никогаш не бараше одговор, ниту го сугерираше на било кој начин. Оставаше на мојата совест!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Лажно се тешев, одложувајќи го одговорот дека Мајка како и секогаш има разбирање за својот син!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Авни имаше разбирање за Азра и ја сожалуваше.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Јас имам разбирање за нивната љубов Со топлата земја од која сите потекнуваме И се насладуваме од кратката сладост Што ја нарекуваме живот.
„Век за самување“ од Веле Смилевски (2012)
Татко имаше разбирање за оваа Мајкина илузија, како таа за неговите.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Тој, всушност, на свој начин, ја дополнуваше и ја интерпретираше балканската историја, за што Мајка имаше разбирање!
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Игор Лозински благо го погледна Татка, покажувајќи во изразот дека има разбирање во неговата размисла, макар што таа водеше кон друг тек, па продолжи погледнувајќи и кон својот соработник Цветан Горски: - Но, мене пријатели мои, друга мака ме мачи, кога се во прашање јагулите и нивниот пат.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Таков беше сега и татковиот пат по јагулите, за кој Мајка во себе имаше разбирање и ги поднесуваше тежестите во остварувањето и на оваа таткова илузија.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
- И за смртта како и за животот треба да се има разбирање, посебно во моментите кога се наоѓаме во просторот во кој имаме можност да ја набљудуваме и да ја третираме смртта како неминовност.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Не можам во неа да согледам или да препознаам некоја друга вредност покрај неминовноста.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Таа е над сè! – зборуваше човекот со бушава глава но не престануваше да шара со погледот по собата.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Но дека отсекогаш имал разбирање за нив. – Но службата има предност!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Како што тврдеше и самиот Раде, Крстиќ умеел да сослуша, имал разбирање за туѓите неволи, личел на човек кој знае што сака а и татко му на тој Крстиќ кој изградил многу палати во Белград бил човек од нашите краишта.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Тие имаат разбирање за ништожноста оти достоинството ги разјарува.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Но таа имаше разбирање за она што го чувствуваш. Дури и сочувствуваше со тебе.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Се разбравме, ако имаше разбирање.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Случајно е, и ако се има разбирање - оправдано, ама - неубаво!
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Од младите се бара многу: добро да учат, да помагаат дома, да имаат разбирање за сѐ, но товарот на родителите е далеку поголем, од нив се бара да се има дом, да е топло во него, да се има облека, да се има храна, да се имаат пари за кино, за слаткарница, за патувања, за струја, за вода, за кредити и за што ли не!?
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Само на мајките им е дадено толку сила и љубов, вели, само за нив господ има разбирање.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Колку толку си имав разбирање со колегите и со газдата.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Знаеш ти какви родители сме ние, за сè имаме разбирање.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Значи, попусто е кога ви велиме дека нам можете сè, ама баш сè да ни кажете, и најстрашните нешта што сте ги сториле ние ќе ги сфатиме.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)