има (гл.) - пород (имн.)

Некои велеа дека од мажите се ослободувала кога ќе видела дека не може да зачне, да има пород. Ги земала само за тоа, да провери.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Бабицата проверуваше, гледаше како плодот напредува, но постојано ја мачеше помислата: што стана со оној нејзин поранешен плод; останат ли е во неа, се стопи, или можеби се работеше за лажна бременост, каква што често се случува кај жените, особено кај оние што имаат преголема желба да имаат пород, да родат, и кои обземени од тоа и од психичката напнатост - понекогаш им се присторува како да зачнале: им се јавуваат слични знаци како кај затруднета жена: болки во стомакот, во половината, гадење, повраќање, посебна желба за јадење, несоница, чувство дека мевот им расте...
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)