има (гл.) - поглед (имн.)

Застанав на прозорецот на кој што немаше завеса и заклучив дека имам поглед кон улицата.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
На Гого му беше исхраната последна дупка на шупелка: имаше чардак за работа, имаше ќелија или за сон или за несоница, имаше поглед кон суводолицата на детството.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
По куса пауза Едо беше уште на едно стражарско место, сега на стрмолоакот под земјанката од каде што ништо не можеше да се види, ни што се случува во дворот, но затоа имаше поглед кон десетина куќи од селото што беа отаде долот.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)