има (гл.) - планина (имн.)

Близ реката Вардар Близ реката Вардар има планина, При неја полјана, широка она, А в таја полјана кичеста трава, Да продумат готова с живи слова.
„Пeсни“ од Рајко Жинзифов (1863)
Во лавабото имаше планина од садови готови за миење.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Ете и тука има планини, ама не се како нашите...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Меѓутоа, ако веќе нема река, Софија има „воздушна бања“ - ја има планината Витоша, од која подувнува свеж ветер.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
- Планина? – се чуди Зоки. Кој може да има планина?
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Ја гледам картата на Канада и стварно има планини, ама на илјадници километри.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)