има (гл.) - отпор (имн.)

И таму имаше отпори да му се признае кадиската диплома.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Никогаш не сум можел да живеам во колектив (тоа ја објаснува и потребата овде да не кажам речиси ништо и за моето семејство); дури имам отпор и кон јавните нужници, автобусите и возовите; ми се гади од помислата дека седам на столче или WC шолја на која седеле илјадници пред мене, макар таа да биде и целосно дезинфицирана и стерилизирана.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
„Фатер?“ пак праша Геманецот, а тој откри зачуденост во себе - види една Марија има отпор во своите пигменти!
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Кога и самиот Хелвиг сфаќаше дека има отпор кон своите родители.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Се сети на славјето што го приредија неговите родители.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
И на Истокот и на Западов секој ќе проводаџисува за таква израилска свадба, но кога ќе дојде време бракот да се склучи, ќе има отпор од сите сватови”, му рече.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Но тој не можеше, како татко му него, допрва да го земе за рака и да го контролира, да го дисциплинира и, едноставно, да го држи покорен; зашто, едно имаше отпор кон таков начин на воспитување во кое гледаше просто повторување на односот од татко му кон него, а и друго и времињата на нивните детства беа различни, па она што го имаше неговиот син тој го немаше во своето детство, така што не можеше да се снајде во него како што веруваше дака се снашол во своето.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Жилберт&Џорџ: Не. Има отпор кај пет луѓе, петмина критичари.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
А. Денет: Никој не е пофанатичен од либералите.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)