има (гл.) - оружје (имн.)

— Ние, ние со паличниците, со косите, со секирите, ние со испуканите раце требе да тргниме да се ослободуаме; та на тиа шо го имаат оружјето в раце, чии раце се меки, најадени, напиени, наспаки каква слобода му е требна?
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Значи, овие не се шакуваат, — се замислија кајмакамот и муљазимот и наредија да не се прескака.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Море кој ни а дава нам таа слобода, бре Толе, шо ве лаже умот!
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Куќарчето веќе го изрешетаа заптиите на кои им се придружија и сите Турци што имаа оружје; слободно можеа да ги видат дека се само двајца.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Непречено и тука Гоце Делчев, откога си отиде потерата, ја сврши својата револуционерна работа со Месниот комитет.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
- Тие беа пет души, имаа оружје! - рече домаќинот.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Комитетот кажуваше дека нема чети, нема противдејство на реформите од негова страна, а пак Турците кажуваа дека има чети, населението дека има оружје и се готви за востание, војската има постојани судири со четите, четите ги убиваат мирните жители што не ги слушаат и му се верни слуги на падишахот.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Треба да се истакне дека масакрираните лица не биле ниту атентатори ниту бунтовници, како што пишува Мишел, ниту имале оружје.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
По некој ден дојде наредба од началството сите што имаат оружје да ѝ го предадат на власта.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Отидов таму, што ќе видам, многу жени и деца.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Имаше еден од нашите кој знаеше албански, се викаше Апостол, и уште двајца други, кои ми рекоа да проверувам дали имаат оружје и муниција.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)