има (гл.) - одговор (имн.)

Псалтир Палигоров имаше одговор и за тоа: - Но Татко ви повеќе не работи во Архивот!
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
На секој приговор, има одговор: “Па, тоа е само претстава”, а вам желудникот сеедно ви се грчи и одвај се воздржувате да не го прекинете гледањето.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Камилски ја разбра ироничната алузија, имаше одговор и за ова прашање: Овие книги не се купени само за мене, со еден мој пријател, ги обединивме нашите библиотеки, и со нив сакаме да ја спасиме иднината на нашите чеда од балканското проклетство!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
- Не се работи за навика, нането чисти, таа мерудија каде што ќе помине, низ устата, стомакот, цревата, сето она што во текот на ноќта не работело, нането и солта го активираат, чистејки ги органите за варење, а пак лебот ги впива сите наталожени отрови. – веднаш имаше одговор баба ми.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
И овде Х.Х. имаше одговор на сите прашања и дилеми, а ако немаше на дофат му беше Централата преку телефонот на навивање.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Педесет години пред да се родам, Јакуза веќе ги имала апсорбирано Триадите, мафијата и Корзиканската унија. Margina #19-20 [1995] | okno.mk 93 Моли имаше одговор: „Сокриј се во Дупката, во најнискиот круг, каде што сите надворешни влијаниа ствараат брзи концентрични бранови на чиста опасност.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Во свеста ми шетаат тираните од страниците на есејот на Сјоран, неговиот горчлив и рационален песимизам, можеби произлезен од балканскиот трагизам, длабоко потиснат во неговата свест.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Ми се наложуваат нови прашања за кои мислителот има одговори: А народот? Каква е неговата улога во историјата? Дали тој ги слави и создава тираните? Каква е улогата на мислителите или историчарите?
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Во секој случај, колку и да беше светот свртен наопаку, маестрото имаше одговор: - Колонијата има договор општината да ја снабдува со пристојно опстојување, од јагула до јаболко.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Добро се држеше благодарејќи им на физичките вежби, на теговите, боздоганите, вратилата, тремплините... што ги применуваше редовно и особено пред доручек, во задниот дел на дуќанот.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Куртиал де Перер, секретар, предвесник, сопственик, душата на „Генитрон”, секогаш имаше одговор на сè, никогаш збунет, неодлучен, утепан!...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Си ги кажуваше самиот годините повеќе пати на ден... Имаше педесет одминато...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)