има (гл.) - огниште (имн.)

Уметниците имаа нацртано борчиња и други дрвја, на средината на бината имаше огниште со големи цепаници, во средината светилки обвиткани со црвена тенка хартија, стававме цигари да чадат, вистински логорски оган.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Самсами сме двајцата... ама имаме огниште... пламенче... огнот се разгорува...
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Среде собата имале огниште и Маре, како што ја држела во рацете Борка, ја испуштила и таа паднала со главата надолу во огништето.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Најпрво ја дававме претставата „Партизанска ноќ“, имавме живописен амбиент на бината.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)