има (гл.) - објаснување (имн.)

За ваквиот суд Поетот имаше објаснување: И од најкошмарните виденија со кои ќе се соочиме во светот на соништата ние се враќаме во животот без видливи последици. Дури и недопрени.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Но за тој ден навистина имаше објаснување.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Тоа, навистина, кога е усвитен пампурот, можеш сам да се испечеш на него, но и за тоа, зошто и од таа страна не прифаќаа да ги викаат пампурните пеќи, жителите на Потковицата си имаа објаснување.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
На луѓето сешто им се привидува! Особено ноќе.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Секогаш има објаснување за она што божем се случило а не било.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)