Горјан ја извади кожната торбичка и почна да пишува: „Драги Тале, ние сме засега добри, но имаме нужда од лекови и други материјали.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Едип-паша ми дозволи да ги посетам и другите болни, доколку има нужда од помош.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Можеби, човекот во 2.000 година, по пат на концентрати, многу ќе ја упрости исхраната, што нема да има нужда од трпезарија.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Македонскиот народ не толку има нужда, барем сега-засега, за официјален јазик на мнозинството, за генерал-губернатор од народноста со мнозинство и за слободен печат, колку: за отстранување или парализирање на дејноста на националните и религиозните пропаганди; за отстранувањето на непријателството меѓу приврзаниците на разните национални и религиозни пропаганди; за отстранување на таа недоверба и обособеност што е сега меѓу македонската интелигенција воспитана во разни балкански државици и им служи на религиозно-националните пропаганди во Македонија; за официјално признавање на македонската народност и за внесување на името “Македонец” во нуфузите и во другите официјални документи на лицата од словенско потекло во Македонија; има нужда за земјиштен дел, како што на селаните им беше доделена земја при укинувањето на крепосништвото во Русија, Галиција и во др. земји.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Ете затоа овие селани ја дочекаа и пладнината, та како што бидува обично кога човек има нужда, почнаа да ја продаваат стоката пошто-зошто, само и само да однесат некој и друг грош в село и да ја свршат оваа важна селска работа со Селим-бег.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)