има (гл.) - нос (имн.)

Да имаш нос значи да можеш да намирисаш нечие присуство или да сфатиш каде си и со кој си, всушност, предвреме да видиш во што каша си заглавен.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Попот од нашето село има нос како патка, долг и жолт.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Има нос со совршена форма, ни прчест ни кукаст, и кога ќе застане пред мојата машина чувствувам мирис на мистериозна колонска вода.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Кога толку многу ќе ми се приближи гледам дека белата кошула не му се лепи за ниеден дел на телото затоа што тој не се поти.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Но дебелите жени од Галвестон се потат како коњи.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Така, за многу жени може да се каже дека имаат нос за мажи, како што и за многу мажи дека имаат нос за жени.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
За некои, се вели дека имаат нос за политика, други за трка со коњи, за фрлање камен од рамото, за многу пари, за дупки во законот, за преродба...
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)