има (гл.) - мирис (имн.)

А таа плетенка, а таа плетенка, докторе Ференц, имаше мирис не само на млада девојка, ами и на планинска и шумска зора, на пресен утрински ветар, на роса врз растреперена темјанушка, на млади борја и, на планински поток, на свежо сено, на ноќен ветар, имаше, докторе Ференц, мирис на свежо ископан ров, мирис на штотуку довршен бункер, мирис на јаново цвеќе, мирис на шумска јаготка, а најчесто мирис на барут... докторе Ференц.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
„Ах, тој пак со истото, јас така и претчуствував затоа што има мирис од него, тоа тој се врти!“, проговори Авдотја Игнатјевна.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Пенест звук ми ги бодина сетилата - има мирис и меѓу стиховите што пробива солена и пловна снага да се допре, да се види пред да се опише.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
”, наеднаш повторно повика дуќанџијата, “Госпоѓо моја, кажи ми без зло да паметиш, што е ова, дали јас по маки одам или нешто друго 150 okno.mk се случува?..”
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Го пробаа полковниците, им се допадна и рекоа дека има мирис на чад.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)