Имаме милиони и милиони трудбеници готови да се жртвуваат за големите дела, но сигурно ќе имаме и многу непријатели, саботери на нашиот пат.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
И како прилега кога одеднаш ќе ја тргнеш крпата и кога ќе откриеш купишта смет и кога ќе погледнеш внатре па неколку секунди гледаш во белите нешта што потсетуваат на макарони или јувки, само што тие живеат и вријат. Ги има милиони.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Магаре среде Париз, каде што има милиони автомобили, е невообичаено да се види, но за стопанот на подвижниот магазин, магарето предизвикуваше пропаганден ефект, кој му носеше голем промет.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
ЉУБА: Такви случаи имаше милиони, но, навистина, најграциозен твој гест во овој жанр беше, кога ти ја искористи беспомошноста на непријателот, за да го треснеш по образот.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Дворовите и парковите се препуни со верверички. Ги има милиони.
„Тибам штркот“
од Зоран Спасов Sоф
(2008)
Замислете си го тоа: Писателите кои имаат милиони идеи во главата а немаат хартија, одат по луѓето во градот и ги потсетуваат дека треба да ја променат извалканата, да не кажам, искинатата облека.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)