има (гл.) - миг (имн.)

Но и во поодминатите човекови и машки години има мигови кога солзата не е нишан само на слабост, на болка, радост, тага и гордост, ами и нишан на очовеченост.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Тоа не беа ни солзи од радост ни солзи од болка. Има мигови кога сами доаѓаат.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Најде избрани зборови и за мојата мисија, макар што таа беше повеќе посредничка, вообичена, отколку иницијативна, креативна.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Ги гледав како се радуваат на смртта, на умирањето, на излеаната црвена крв.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Арафат имаше мигови во нашите повеќегодишни средби во Тунис од крајот на 1995-та па сега до есента 1989 година, кога ми ја подотвораше душата и со доверлива искреност излегуваше од вообичената тема и преттекст на дипломатскиот прием, за да слезе длабоко во душата и да ми ја пренесе вистината за својата љубов Палестина.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Се сеќавав во тие мигови на случајот на Мигел Унамуно, славниот ректор од Саламанка, кога на една слава во времето на фашизмот, на хистеричните повици на Франковите војници да живее смртта, со нему својствена храброст ќе истапи со познатите зборови дека има мигови кога молчењето може да биде лага, спротивставувајќи се на извиците за смртта со повиците за живот, во неговата осуда на фашизмот и франкизмот.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Имаше мигови кога во себе го слушав нејзиниот мајчин јазик на тишината, мојот мајчин јазик.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Имаше мигови кога ја препознавав крај мене, во тешките мигови на мисијата.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
„Љубов не може да започне овде,“ рече доктор Гете.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Ако си анемична, има мигови во кои одеднаш не можеш да слушнеш ништо околу себе.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Ја премолчуваше болката, а сепак еднаш, додека чекоревме по една улица со ред од диви костени, ми рече: „Сѐ е толку полно со живот, а сепак има мигови кога многу нешта ме повикуваат во смрт.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Се чувствуваш бескрајно слаба.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Има мигови кога се плашам да му се приближам на прозорецот: тој се нуди да го подотворам и да скокнам низ него.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Таа пролет имаше мигови кога во Гнездо сите заборававме на своите лудила, мигови во кои нашите лудила забораваа на нас, и мислевме на Добрата Душичка и на Макс, и често го изговаравме зборот “љубов”.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Има час кога светците слегуваат од иконите има мигови кога клетвите се молитва.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Има мигови на тишина кои се посилни од говорот. Такви беа овие мигови.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)