има (гл.) - лице (имн.)

Некогаш на замин, по „добар лов" ѝ потфрлаше на мајка му по некоја и друга лира да ја ублажи сиромаштијата и да не го избришат од нивните тевтери, да има лице да се прицне некогаш кога ќе го подгонат полјаците, заптиите и фариите од Полчишта.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Во замена за тоа ние ќе имаме лице и право да се надеваме од нашиот великодушен господар да добиеме полна автономија во црковното и училишното дело и полна рамноправност пред законот и во месната самоуправа во Македонија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
И не година, не две. Години, години да изврват; скотски да живееш, пари да збереш, додека да имаш лице дома да си дојдеш!...
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Проклет да и е коренот!... И големо и малечко нишан носи од неа за цел век!...
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Имаше кафеаво – црвеникава коса постојано врзана во реп, беше слаба и висока како модел од Фешн тв и имаше лице налик на верверичката што се појавуваше во секој број од детското списание "Зорица", кое што Александар и Дарко го добиваа секој месец додека заедно одеа во забавиште.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Пупи Паф кон нови сказни летал.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Под нив се движеа бледи усни. Ѕидовите имаа лица.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
- А имаше лице како валчеста насмеана месечина.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Пак, како тој што рекол: „своештина ќе бидеме, да имаме лице пак да се видиме“.!
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Онаа што го мамеше најмногу имаше лице недосегливо како источначка мисла.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
СОЊА: И ти си го изеде твојот дел. БОРИС: Можев уште да јадам. Не сакав. Имам лице. Не сум глодач. Ова не е твој свет. Ова е мој свет. Јас го створив. Со овие раце.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Светецот што ја бранеше на икона православната вера со тризабец имаше лице какво што еднаш ќе може да го има мртов Јаков Иконописец од Кукулино.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ќе ми веруваа ли луѓето ако им речам дека Јаков Иконописец со улавост во очите создава живи икони?
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ми се гади од предметна реалност која има лице, човечко, ми се гади од неговите брчки исто колку и од неговата безвременост.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Скопското козиче ќе го има лицето на морнарите од Крон­штад, на Бухарин, на Троцки, на Костов, на Димитров, на Велушиотис, но и на сите вљубеници во слободата во овој предел на јужниот Балкан.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Ја загадуваат оние што живеат во нејзината близина, а потоа имаат лице да се жалат на смрдеата и грозниот изглед.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Дали тоа значи дека некогаш сум била измамувана и дека поради тоа треба да сметам дека не сум била најдобра сопруга?
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Зарем и прелагата можела да го има лицето на вистината?
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)