Дури имаме леб, ќе јадиме, после ќе работиме, ќе се раниме.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
— Бурда, бурда вар екмек, (Онде, оиде има леб. ) — радосно се провикна еден, отворајќи ги ноќвите и гледајќи ги топлите сомуни, што ги намеси денеска невестата на дедот Балета.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
И така аскерите ги зазедоа куќите, a селаните ги преселија децата во племните. Co стискаа, мрзнеа, боледуваа; изумреа сите деца под една година и старците, додека пукна пролетта да се постоплат на сонцето тие што останаа живи.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
И слушај сега! Тие шо ќе поминат утре да ги нахраниш веднаш! И запамти: секогаш да имаш леб!
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Во торбите имаа леб, а носеа и балони со ракија.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
- Ајде, ајде! Ќе има леб за сите. - зборуваше арачлијата подигајќи го старецот од калта.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Приготвувачите на нејзината духовна храна, ќе ги дарува со чинови што во секојдневната исхраната ја имаат лебот, солта и свинската маст.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Од задоволството што ми го подари со прикаската за првиот леб.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Без медот, првиот земјоделец не ќе закрепнеше и не ќе посееше жито и луѓето не ќе имаа леб.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Мариово златно има леб за секого. Така се фалеа тогаш Мариовците.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Татко, кажи ми, вистина ли е дека сите луѓе, во сите земји имаат леб, надежи и национална химна.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Тој има јазик на небото. И на земјата има јазик. Кој е?
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Некако и се стори пополезно да се помачи најпосле да разбере зошто (пак на времето!) некој беше бил рекол дека луѓето без маало и без роден крај, всушност се - слободни луѓе ЛЕБЕЦ И ВИНО Ако има дедовци ќе има и приказни.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
Ако има приказни ќе има и недосонувани сни Ако има сни ќе има и јаве Ако има јаве ќе има и сејач Ако има сејач ќе има и семка Ако има семка ќе има и лебец Ако има лебец ќе има и вино Ако има вино ќе има и денгуба Ако има отповеќе вино ќе има и мушички Ако има мушички ќе има и пекање по светлината ноќум.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
Болеста е голема кога имаш леб, вели, и болеста е уште поголема кога немаш леб.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)