На масата за карти седи дебелко во фрак, со тројна брада и со бели раце. Пред него има куп пари.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Пречки од играчки - стапови за хокеј, боксерски ракавици, еден дупнат фудбал, еден чифт испотени тренерки превртени наопаку - лежеа насекаде по подот, а на масата имаше куп нечисти чинии и тетратки со извиткани ќошиња.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Љубовниците... Ги имаше куп, дури еден фудбалер меѓу нив, мускулест голман со кој трчаше по топката на тревникот пред куќа.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Во неа имаше куп црни јагленосани топчиња.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Пред само една година полицијата во Сан Франциско беше спремна да ги уапси членовите на Living Театрот само ако почнат да се соблекуваат, а сега одеднаш, на сите страни, имаше куп актери кои се соблекуваат и играат сосема голи на сцената и тоа во добро рекламирани претстави како „Ох! Калкута” и “Дионисиус во 69.”.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Ако ги испржам, ќе се оладат затоа што нема да дојде.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Дробач бр 2 (а покрај тоа пијач и галамџија, како поднаслов) И тамам кога ќе помислиш дека оној, во категорија Дробачи бр. 1, е збир од 3 во еден, на првата договорена, а втора средба во живо, веќе си лице в лице со ЛИК кој игра 5 улоги и има куп професии - новинар, етнолог, филозоф, актер-аматер и професионален љубовник.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
„Јас сум маскирана, - си мисли таа, - утре или задутре баронот ќе ме замени со Nadine и ќе ми го земе сето тоа“... *
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)