Самото поимање на културата, особено во неговата класична, антрополошка формулација од деветнаесеттиот век, претпоставува средишна, дури и основоположничка улога на јазикот.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Или, попрво, како може да има култура на машката хомосексуалност ако нема докази или дури и можност за постоење на процес на примарна социјализација, на оној вид социјализација што се одвива во најраното детство?
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Понатаму, каква смисла има да се зборува за култура без да се упатува на процесите на социјализација и артикулација?
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Како ќе објасниме зошто геј- или протогеј-субјектите ја усвојуваат културната практика на машката хомосексуалност кога сѐ уште се деца и зошто некои хетеросексуални субјекти, кои подоцна ќе откријат во себе длабока склоност кон машката геј-култура, некогаш се чувствуваат силно и непогрешливо привлечени од нејзините културни облици уште од рана возраст, без да бидат свесни за таквата привлеченост, односно барем не опишана така?
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Видот на кохерентноста што ја има културата не мора да се огледува во никаква униформност на ставовите и на однесувањето на дел од популацијата.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
ДЕЛ ЧЕТВРТИ
Најнастрана мамичке
11 РОМАНСАТА НА ГЕЈ-СЕМЕЈСТВОТО
Каква врска има културата со сексуалноста?
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Помага да се објасни постојаната привлечност на утопизмот, како во квир-теоријата така и во лезбејското и во геј-движењето во целина.256 Но, тоа укажува и зошто традиционалната машка геј-култура – која се справува со светот онаков каков што е, со начинот на кој сме живееле и на кој сѐ уште живееме и која не се стреми толку да го смени светот колку што се стреми да им одолее на неговите недела (дури и по цена да излезе реакционерна, а не прогресивна) – им дава толку важно емоционално и политичко средство не само на геј-мажите туку и на многу други инакви видови на општествено дисквалификувани луѓе, барем на оние чие чувство за непоправливата погрешност ги прави готови за неа да ја платат таа болно превисока цена.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)