има (гл.) - крило (имн.)

Тој треба да е или ѓавол или да има крилја - претпоставуваше солунскиот валија3).
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Некои велеа дека има крилја од лилјак спуштени крај плешките, некои велеа дека влече змиска опашка, некои дека поткуцнува, некои дека е немосана, други дека е чумосана, но сите знаеја дека е страшна и опачна.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
СПИРО: Така е, легач. Градината сама се вади; тешката бунарска кофа има крила, сама лета нагоре; дрвата сами се цепат; ѓубрето само се исфрла на буниште...
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Само вака што ќе украдам — да се одморам малце, да здивнам...
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Мојот дух ќе биде слободен ангел, ќе има крилја. ќе имам сè, ќе бидам сечија, несебично сечија..., ќе бидам среќна. ***
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
— И рибите имале крилја, вели Ристо Коларов.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Нашите кози имаа крилја, сигурно имаа.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Главата ѝ е наведната, и би паднала на градите, да не е потпрена на раката стегната во тупаница.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Тоа суштество на гравурата, кое се наоѓа во мигот на својата загледаност во небиднината, има крилја, но не е ангел; таа жена е алегорија на меланхолијата.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
А кога не можат, се јавува кај нив фантазија да имаат крилја, да летаат како птица...
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Имаа деца. Најнапред дојде стравот; тој се плашеше дека и тие ќе имаат крилја.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)