Сега му остануваше да се вработи, уште повеќе што го изгуби правото да има кревет во студентскиот дом и требаше да бара соба под кирија, а тоа, пак, подразбираше да има редовни, макар и скромни средства.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
- Имаме кревет, дрвен. Ако можеш да спиеш на дрвен кревет, ела.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
И реакцијата на моите сестри можам само да ја претпоставам оти тие доаѓаа од богатата рамница и од богатото село и од убавата куќа во улицата Лазо Колишевски број 10 во која се спиеше во чисто варосани и големи одаи на дрвени кревети, а знаеја и тоа дека таму имав кревет во кој сам сум спиел и една одајка од неколку квадрати со рустикална маса над која сум ги правел првите белешки од мојот Дневник, а и некои експерименти од физика и хемија.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)