Жена му на Китан знаеше дека жена му на Танаил, како и другите жени во селото, се подбиваат, се исмејуваат, и затоа утредента по свадбата, кога станаа младенците од спиење, отиде во нивната одаја, ја натера невестата да се пресоблече, ѝ ја зеде кошулата, и кога виде дека на неа има крв, светна од радост, ја зеде кошулата и истрча во дворот покажувајќи им ја на сите луѓе дојдени на блага ракија; им рече на тапанџиите и на свирачите да свират, и таа држејќи ја кошулата високо крената, започна да игра оро.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Дали тревата има крв? ме прашуваше еднаш Јанко. Нема, му реков.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Тоа често и се повторуваше: се будеше исплашена, ја палеше светилката и гледаше на прстот каде ја боцнал; гледаше дали има крв.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
- Да... - рече Дејко, - само ако нејзината крв дојде во допир со крвта на човекот... преку некоја рана, преку боцнување со јадицата на која има крв од јагулата, или ако нејзината крв влезе во човекот преку шуплив, расипан заб...
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Ружо црн бакнеж на ветрот што првата тага ја чува во каменот на пладнето (а мовта е сета од белези на минувањето) Ружо, око на огнот слепа е ноќта до твоите колена а коренот во слутење на пепелта има крв што румено умира.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)