има (гл.) - контрола (имн.)

Претседателот Чапаев не може да има контрола над сѐ...
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Уметникот има контрола, а гледачот нема.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Тој, кој го држи Лисец, ја има контролата на околните ридови и што е најважно, го отвора патот кон Превал и од тука долж џадето, се вклинува во Преспа.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Мислам со тоа дека нема да има контрола на раѓањето, а во интерес на нашата кауза.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Биле сосема сигурни дека како и во случајот со Романија ќе настојуваат да се формира "пријателска влада, врз која тие ќе имаат контрола".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Во однос на Албанија сметале дека за Советската влада таа е интересна само преку „локалното комунистичко движење на отпорот“ и тоа што можеле да го „поврзат кругот меѓу Тито и ЕАМ во Грција“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Оневозможувајќи му ја на љубовникот перцепцијата дека однесувањето во љубовта му е, всушност, изведба – а не неволев резултат од некој севозможен импулс – романтичноста ја претвора љубовта во неизбежна судбина. Plus fort que moi (‘посилно од мене’ или ‘ме тера’): тоа е геслото на романтичната љубов.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Геј-мажите умеат да бидат особено подложни на митот за романсата, а оттука и особено да им треба ироничното гледиште за љубовта што им го дава машката геј-култура.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Неговото дејство го лишува љубовникот од секакво чувство дека има контрола врз своите емоции и постапки, а со тоа и го ослободува од секаква одговорност за сопствените чувства.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Човечката цена на љубовта произлегува од тоа што општествената институција љубов се збркува со природниот, самоникнат, незауздлив израз на силно чувство.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
И покрај тоа што големата и убава црква беше претворена во кино сала, господ во кубето што не успеаја возрасните да го премачкат или покријат, имал контрола на ситуацијата и не дозволи да експлодира бомбата.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Човекот мисли дека тој има контрола и дека тој управува со предметите и Машините, но колку тој ги условува нив, толку тие го условуваат него.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)