има (гл.) - книга (имн.)

Тој беше обземен со синдромот да ја има книгата, секоја книга која го пленеше сакаше да ја види, да ја поседува, додека читањето го одложуваше за други времиња.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Во неа имаше книги и ракописи кои не можеа да се најдат и во најголемите национални и општински библиотеки во градот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
На масата Деница ја стави платнената торба на која на врвот имаше книга.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Мислев, велам јас, ако ја имаат книгата, да најдам начин да ја прегледам.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Потоа плукна на црниот под од каросеријата, ја размачка плунката со босата нога и продолжи благо: - Арсланчиња, имам книга.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Со скромниот џепарлак што понекогаш ќе се најдеше во завртената дланка на татко, а јас од неа го подигнував како нафора, можев да си приредам задоволство да имам книга само за мене.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Има книги за готвење, сè пишува во нив. Итра жена е таа.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
За среќа, кога имаше книга, Грдан не се чувствуваше сам; а учењето му одеше толку лесно што тоа не му претставуваше товар туку задоволство - учебникот по историја го читаше како криминалистички роман, а математичките задачи ги решаваше како да пополнува вкрстени зборови.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Татко ми како да имаше книги за сите тешки времиња на Балканот. А такво беше и времето на козите...
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
По една од своите прошетки по Калето, Чанга се заинтересира дали татко ми има книги во кои се зборува за минатото на тврдината.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Татко ми имаше книги во кои нашироко се расправа како козите ги осиромашиле шумите во Шпанија, на Сицилија, на Корзика, падините на планината Атлас во Северна Африка, дури до Црното Море.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Тој имаше книги за големата поделба во Европа, на почетокот на векот, на козари и антикозари.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)