—Ќе свршит како ништо! — одговори некако со недоверба бимбашијата кој веќе имаше искуство со герилските борби на востаниците.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Аскерот се разви во стрелци, толку густо, што ако се фатеше за рамо, можеше да направи танец од оро, на чело со „танчарот" бимбашијата, а опашката би ја држал Бахтијарпаша. Со пристигањето на десниот фланг бимбашијата издаде заповед за напад.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Да ги наведеме само најпознатите: Колриџ (Coleridge), Томас де Квинси (Thomas okno.mk | Margina #8-9 [1994] 143 de Quincey), Бодлер (Baudelaire), Елизабет Браунинг (E. Browning) и Кокто (Cocteau) земаа опиум; *Жерар де Нервал (Gerard de Nerval), Теофил Готје (Th. Gautaire), Бодлер, Артур Рембо (A. Rimbaud), Александар Дима (A. Dumas), Делакроа (Delacroa) и Ален Гинзберг (A.Ginsberg) уживаа хашиш; Олдос Хаксли (A. Huxley), *Жан-Пол Сартр (J-P. Sartre) и Јејтс (Yeats) пробале мескалин; Вилијам Џејмс (W. James) и Гинзберг имале искуства со азот-оксидулот, Анри Мишо доживувал многу интересни сензорни впечатоци под дејство на ЛСД-25, додека Вилијам Бароуз (W. Burroughs) бил долгогодишен хероиноман.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Конечно, лесните дроги според сите оние кои имаат искуство со нив, а и според многу научници неоптоварени од лажниот морал на пуританизмот, ќе ви потврдат дека хашишот и марихуаната се далеку побезопасни, понетоксични и, што е многу важно, понеагресивни наркотици од алкохолот, кој е легален. Каков парадокс.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Неговото сомнение јас требаше да го земам предвид, зашто тој имаше искуство, беше главен копач на гробови.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
А тие што имале искуства со пријавите во полиција или во институциите на системиштево што функционира исто како да не постои можат да ви раскажат колку е поголема фрактурата на ребрата која не е видлива и поради која само не можеш да дишеш, тие, одговорните за заштита од насилство во врски, кои имаат положено и посебен испит за одржување на семејството по секоја цена, толку поспремно ќе те дочекаат со зборовите: „Ајде невесто, оди си дома, не си ти ни прва, ни последна.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Гил беше мојот трезвен водич, т.е. лице кое порано имало искуство со ЛСД, а сега е тука да помогне и да биде водич ако затреба.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Овој пат денот ни беше наклонет, немаше магла, снегот малку се намалил, имавме искуство, селото се гледаше и кога се наближивме, тешкото оружје замина напред и почна борбата.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Продолживме, повторно за Ќафа, облеков многу чорапи и повторно без опинци.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)