Јукстапозицијата е во согласност со желбата на уметникот нештата од природата да бидат гледани низ заплетканите детали на неговата сложена конструкција, дело кое има интенција да претставува механичка метафора за меѓучовечките сексуални односи.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Имајќи го во обзир градот домаќин, човек помислува дека организаторите на изложбата можеле да ја употребат фотографијата на Дишан во гондола за плакатот или за насловната страна на каталогот на изложбата, но наместо тоа, ни беше репрезентирана колор репродукција на Дишановото ремек-дело, “Невестата соблечена гола од нејзините додворувачи”, попознато под името “Големото стакло”, со фотографија на еден венецијски залив во позадината.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)