Чичко Никола на лицето има израз како по малку авторот да му е здодевен со своето наивно прашање.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Слаба утеха за мене, и голема моја мака.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Забележав дека тетин ми сè уште седи на масата како ништо да не се случило, единствено што на лицето има израз како да му е веќе здодеано од сè и како да му се спие.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Имаше израз на одсутно задоволство. Можеби блажено умираше од досада. Можеби мислеше на големи пари...
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Вечерата протекна језиво мирно. Фјодор ги поапа своите две порции шпагети, подригна задоволно, се завали во столицата повремено драпкајќи се помеѓу нозете.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Во таа подземна просторија одеднаш пред мене се отвори огромна, темна и стара кујна, каде што очигледно се подготвуваа сите поголеми зафати, бидејќи беше преполна со големи тенџериња, со прашоци за миење садови и разновидни сунѓерчиња, а до мијалникот стоеше и еден голем старински фрижидер.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Точно е, ги има многу намалено цигарите, и кога ќе ја фатам на дело, според бројот на догорчињата во пепелникот, дека претерала, таа има израз на лицето како дете што го откриле во некоја забранета работа.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
И како тоа внатрешниот живот на машката хомосексуалност што има израз во општопознатата страсна приврзаност на геј-мажите кон бродвејскиот мјузикл сега изгледа толку чудно, па и чудовишно, во очите на современите геј-мажи, без разлика дали се преживеани од претстоунволската ера или релативно скорешни производи на постоунволската ера или и едното и другото?
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)