Имаше излез. На прагот од Атеистичкиот музеј, моите очи се упатија кон Небото...
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Ах, проклет Наќо... - се возбуди и калуѓерот и почнаа обајцата да трчаат кон Наќо кој веќе влезе во просторијата која имаше излез и кон другиот двор накај шталите, но вратата беше заклучена.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Другпат сонува: фатиле големи студови; дрво и камен пука; да плукнеш, плунката ќе ти остане замрната на устата; силен ветер крева бранови од езерото и ја опсипува куќата, но брановите како што удираат на куќата, така се замрзнуваат; куќата се обложува од сите страни со мраз што свети како стакло и таа заличува како куќа од сказните; но кога почнува да ѝ студи во одајата, таа стрчнува да оди во тремот да земе дрва, но вратата е прекриена со мраз; кај има излез, кај има излез, господе, си вели и се тресе од студ.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
И ова чувствување од читањето на овие книги е единственото охрабрување во вербата дека има излез.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Меѓутоа, контекстот во кој го открив делото на Луан Старова беше посебен и јас ја чувствував потребата да им оддадам почит на овие исклучителни суштества какви што биле неговиот татко и неговата мајка.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
„Не Влатко, споредбата не ти е добра - и од круг има излез.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Еден од нишанџиите упорно ме следеше, но никако не можев да видам дали има излез, некоја друга врвица.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Се влечев и понатаму.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Но, нашата Партија има излез и за тоа.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)