има (гл.) - знак (имн.)

Прво што му падна на ум беше помислата оти бара некоја книга напишана или не, но која има знак на реткост и мирис на дамнина.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Има знаци кои ги праќа Господ и треба да ги следиме.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Значи, имаше знаци дека поединци и пред вас влегувале во куќите, пребарувале.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Некои од власта?
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Нејзиниот гест повеќе имаше знаци на приватност отколку на службено однесување и тоа во моментот ме изненади, ми стана интерсно и ме упати на размисла за поводот на таквата постапка.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Во сè има знаци, а најмногу во уметноста.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Насекаде има знаци за забрането дишење. (На ветерот одамна му е забрането да поминува од таму.) Чекорите по невообичаено чист тротоар и сретнувате дама.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)