има (гл.) - занает (имн.)

Се шушкаше по ќошињата дека Ване и Ганка се во љубов иако и мајка ѝ и очувот не сакаа да чујат за Гавранот туку бараа зет што има занает в раце и - дуќан! Зошто и дуќан, не знаев.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Но татко му му рече: „Од тоа не се живее. Мора да има занает...“
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Мане Шнајдерот имаше занает, јас се размислував, ќе живееме можеби поарно, мислев ако го земам, но сметав дека е подобро да се почека прво да заврши војната, само тоа ми беше во мислите.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)