има (гл.) - задоволство (имн.)

Преметнаа сега наваму од Кравица стотина — двесте овци, десетина говеда, коњи, магариња, а Бешот ги отера со пет шестина селани во Прилеп и ги натокми стоте лири што му ги зеде Етим со измама.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
ХЕРЦОГ: Госпоѓи и господа, го имам задоволството да наздравам во чест на нашиот ценет гостин од Германија, господинот Херман Клаус. (Сите стануваат. Пијат.)
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Етим беше си ја имал мувата на капата и беше се засолнил дури во Солун, та Саботчани имаа задоволство да се огреат вечерта на неговата кула, а чифчиите таа ноќ имаа гости на неговиот чифлик во Биџова маала.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Силна е болката, а во тоа има задоволство.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)