Ми паѓа на памет дека ако има живот после смртта, мора да има и следна смрт после која доаѓа друг живот и можеби така до бескрај.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Во него сè уште да ти имало живот...
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
А ние растеме колку што имаме живот во себе.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
Човекот е жив – колку што има живот во себе Еразмо се уште го разјадуваше лакомоста.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
-Човекот е толку жив, колку што има живот во себе.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
Во водата има живот, затоа таа свети... Сѐ што е живо, свети – рече старецот.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
После нив не би имало живот.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Чекоревме кон железничката станица, а по улиците сѐ беше сенишно: секоја глетка кажуваше дека тука има живот – чадор потпрен на една клупа, цвеќиња на балконите, шарена топка на тротоарот, а сѐ беше испразнето од човечко присуство, како никој никогаш да не живеел овде.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Во мене веќе сѐ е мртво. И веќе ништо не може да го врати во мене животот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
А тоа е најхуманата, највисоката цел –секој човек да има живот без тегобност.”
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Јас не барам утеха. Утеха бара оној кој уште има живот во себе.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Од некој дел од квартот сепак се слушаше живот, и ние тргнавме кон звуците.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
„Ти знаеш дека тоа е утопија и нема да се оствари.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Освен селото, ако во него можеше да има живот, освен тие куќарки од камен и на камен, немаше наоколу ни човек ни птица.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Тоа беше желба на дете што се плаши од видени мртовци и сепак може, верува дека може, со здив да му ги излекува раните на животното.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
И го клукаат со долгите клунови додека има живот во него.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Значи уште има живот.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Толку има животот, велам, толку.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Велеше: колку малку убавина има животот, а колку многу болка.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
На земјава владеат и полоши работи, велеше, но не завршуваат сите лошо.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Обајцата ги втренчија погледите во небото, без да пуштат глас од себе, и дури имаше живот во нив устите им мрдаа.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Според третото обележје романот има универзален карактер, бидејќи иако дејствието се случува во ограничен географски простор, сите мигранти без цел и без надеж за отворени патишта го имаат животот на ликовите на Луан Старова.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
„Имало живот“, рече Анастас и го испи шишето.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Тоа не се само обични слики со изразит информел, во секоја од нив има живот, пулс, мисли и зборови, можеме да ја слушнеме и разбереме.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
На почетокот се е игра, но таа игра не носи во најдлабоките делови на душата.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Но ова израмнување не треба да се помеша со условното поистоветување на тие две, уште помалку да им се даде иста тежина; предноста одлучно ја има животот: “строгите уметнички прашања во крајна линија не се важни прашања”.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
„Скршениот човек“, брезничанецот Едо Бранов, како да беше дојден до клучното прашање: Каква смисла има животот ако воопшто ја има?
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)