има (гл.) - жена (имн.)

Таа знаеше дека Толе има жена и деца, знаеше дека таа има маж и дека ќе дојде еден ден разделба.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Каква потреба ќе има жената да ме пресретнува нарочно мене. Мои измислици.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
И кога ја видов внука ми неколкупати заедно со таа зрела жена, со Лу Саломе, имав чувство дека Ана во неа ја открива таа благост, таа веселост, таа способност животот да ѝ го направи поубав и повесел (иако на никој друг Лу не му изгледаше ни блага, ни весела, ниту способна животот некому да го направи поубав и повесел), и можеби и самата Ана сакаше на Лу да ѝ го направи животот поубав и повесел, но ја спречуваше тоа што живееше за животот на својот татко, а претпоставував дека по неговата смрт смисла на нејзиното постоење ќе ѝ даде грижата за неговото дело. Неговото бесмртно дело.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
На своите ќерки Зигмунд честопати им велеше: “Најинтелигентните меѓу младите мажи добро знаат што треба да имаат жените: благост, веселост и способност животот да им го направат поубав и полесен.”
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Нема кој да ја гледа куќата, а и таа веќе порасна, стана девојка, ѝ требаше дома да има жена за да ѝ помогне и самата таа да стане жена.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Тој е отскоро дојден, некаков интересен Французин од Ломбардија. (Да (за него слушал повеќе работи), помошник-директор на банката, има жена убавица (за неа знаат сите мангупи во градот).
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Кога ќе те прибере дома, ќе сака да има жена што знае да ракува со ашов и со мотиче.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Фразата „Туку, можеш ли да ми...?“, во нашата фамилија предизвикуваше ужас, дури имаше жени, тетки, сестри од бабите и дедовците, дури и братучетки кои, кога ќе го чуеја неговото „само за кратко време“, речиси паѓаа во несвест.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Пиеше, ама никој никогаш го нема видено пијан.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Не може и сепак сака да се намести на коленици во тој воен акшам да стори метание за последна молитва на денот и на својот живот. наеднаш му е жал, има жена и неколку деца, животот ќе ги сомеле без старател.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Дали бог имал жена.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Обидувајќи се да го спречи бракот, Којо Пипиле и на Марија ѝ рече: „Богдан има жена дома...“
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Човекот имал жена и две деца.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Не сум имал жена речиси триесет години, ако тоа нешто ви значи.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Имам жена од која не можам да се ослободам.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Имам жена и три деца. Најстарото од нив нема уште ни шест години.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Та и тој имал жена Тодора, не си знаела?“
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
А на Марко, блазе си му, место мене ќе има жени колку сака, која од која поубави.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
- Не можам, - ѝ рече Илко. - Имам жена, деца...
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Сега пак има жена, и таа се вика Лена, ама оваа Лена е од Секулево, од селото на Трендафил , а покрај двете деца на Гони, односно на Фодулот - живиот партизан Ристо, врсникот мој Трајко, таа има и свои две деца што ѝ ги оставил мажот кој сега е во Австралија.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
А секако, колку што повеќе Нико беше необична, толку Фред сѐ повеќе се воодушевуваше од неа - да има жена која е толку убава и толку ексцентрична, тоа беше остварување на сите негови сништа.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Потем го свртеа муабетот на жени Те вакви нозе имале и онакви газиња имале жените што одеа пред нив Тој што зборуваше за газењето лајна во сонот Сега рече дека жена ако ти дојди дома усмевната Болест ќе ти дојди ама светрум ќе ти помини
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
Класичната апстракција -Willem de Koonig е неодминлив пример - може да не содржи препознатлив предмет, но сепак има фигура за која се претпоставува дека постои. De Koonig честопати велеше дека во сите негови слики има жена.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
„Значи, кога би имале жена за да ви пружи некакво алиби, некаков изговор“, рече металниот глас. „Но вака...“
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
„Ролан си има жена, Рајно“, ѝ велам јас за да ја вразумам, но како да ја вразумиш Отиња да не излегува од коритото кога ќе нагрга водата откај Суитлакот, откај Каваклија, откај доловите?...
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
А Рајна не престанува да нагаѓа: „Или, тој лично, му ја подметнал жена си. Онака, најбесрамно.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Еден ден го најдов Анастаса кај кабината во која имаше жени: клечеше надвор, гледаше низ клучалката внатре и плачеше.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Имам жена уште погрда од мене и не се чувствувам инфериорно покрај неа.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Јас си имам жена дома. Трудна ми е. Ќе ми роди машко детенце.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Семејството Амбросели имаше жена која ги обавуваше сите домашни работи. Таа переше, пеглаше, готвеше и чистеше.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Како и во Париз и тука имаше жена домаќинка која ги обавуваше сите домашни работи.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Крај реката веќе имаше жени со ’ржани снопчиња за брцнување со крстена вода.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Ќе ме тераа да се оженам, вели, а јас ќе им велам: имам жена.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)