има (гл.) - другар (имн.)

Силата на четите им се зеде, Бахтијар ги брка како зајаци и ќе ги отпаде откај нас сигурно.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Толе е со осум души; нека има другари, според лебот што го нарача, најмногу три, четири до петстотини, а Бахтијар има четириесет илјади.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ум има другарот Захаријадис и сите ние нему треба да му веруваме, нели... тргнавме по неговиот ум...?
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
За среќа ја имав другарка ми која како да беше поразлична од малоградскиот менталитет, па по малку успеваше да ме врати во живот.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Рака на срце во војната имавме другарки во панталони, но тогаш такво беше времето. - Ги прераскажуваше зборовите на командирот.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Прашав, полуцинично (тој „полуцинизам“ веќе беше знак дека не ми е сеедно што почнувам да ја губам Луција, оти таа веќе имаше другари и таму, а не само во училиштето, каде што бев јас!), дали Партијата има намера да организира и кружок по џез и пушење марихуана.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Оној што не ги почитува тие нешта, не може да има другари.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Кога ќе му дојдат другари - ќе има другари и другарки како во Кочани - ќе можат да седнат дури и на подот - баба му даде сосем нова черга... ќе има другари и другарки... ќе има... ех, Јана... срипа, ја отвори последната фиока и оттаму го зеде албумот... милата Јана... ја засака како сестричка, пред да се роди Мими... еве ги заедно во забавиште, на приредбите во кои учевствуваа, еве ја и последната - збогум забавиште мило - заминуваме на училиште!
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Иван и Ивана имаа другари и другарки во Охрид, Темјана во Дојран, Гоце во Прилеп, Нада во Велес, Санде во Штип - сите присутни се јавуваа за по некој град.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)