има (гл.) - допир (имн.)

Овде првпат имав допир со француските земјоделци кои продаваа сирење, млеко, зеленчук.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Ги измамува луѓето...и само со поетите има допир силен ко најприсно сливање.
„Слеј се со тишината“ од Ацо Шопов (1955)
Од таа страна на ѕидот се наоѓале харемите, па убавиците можеле да наѕираат во салата и да имаат допир со надворешниот свет само низ овие мермерни решетки.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)