има (гл.) - дом (имн.)

Самоизгнанство, но каде? Татко му имаше дом, библиотека, имаше време во топлите вечери да му ги толкува словата за животните, а сепак не издржа.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Размислува за тоа што значи да се има дом, покрив, или барем стреа над главата.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Од младите се бара многу: добро да учат, да помагаат дома, да имаат разбирање за сѐ, но товарот на родителите е далеку поголем, од нив се бара да се има дом, да е топло во него, да се има облека, да се има храна, да се имаат пари за кино, за слаткарница, за патувања, за струја, за вода, за кредити и за што ли не!?
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)