има (гл.) - дожд (имн.)

Оставајќи насекаде по малку вода низ полето и ширејќи се, се губи и се доцедува, а само во пролет и во есен, кога има дождови и луни, стасува и се влева во Голема Река носејќи глина и песок и мешајќи се со нејзината бистра вода како добро и зло.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Ќе има дожд, може и снег.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Го прочачка ушето и праша: - Ќе има дожд денес, а?
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Нихна хубавина не може да се искаже, лицата нихни беха пресветли, со очите ме гледаха мило, на главите нихни косата им беше бела како снег, како златна светеше, рубите нихни беха како това што светнуе на небо кога има дожд.
„Избор“ од Јоаким Крчовски (1814)
Ако има дожд, што повеќе ќе наврне - минатото или сегашноста?
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Го прочачка ушето и праша: - Ќе има дожд денес, а? Погледнавме низ прозорец. - Не, учителке, не. - Ха, зошто? Од кај знаете?
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)