Кога беше сигурен оти наполно ја има довербата на Чанга, татко ми почна да му ги кажува своите страхувања за козите и за „незавршената класна борба”, како што често пишуваше на главните пароли во градот.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Неговото височество имаше доверба во мене, ја уживав неговата поддршка.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Треба да знаете дека ројалистичките кругови традиционално ја помагале еврејската заедница на Солун.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Впрочем, јасно ви е тоа ... Ние имаме доверба во вас ...
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
И јас да летнам некаде далеку - колку да поминат овие небидници што ми се струполиле, колку да се заборават сите афери - па да се вратам - а мама и тато пак да имаат доверба во мене...
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Одлетале кон јужните краишта. Ех, да сум ластовиче!
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Може да се има доверба во неговото мислење.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Сѐ друго е... моја грижа. Имај доверба.
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
Ја има довербата на затворската управа.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Инженерот не може да го објасни тоа, некои работници имаат доверба во него, сметаат дека е исплатливо.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Јарбол врз јарбол, железо врз железо, греда врз греда, еден куп шрафови и шрафови, и удирање на чекани, целиот облак трепереше како хармоника од тие удари.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Влезе, поразговара и запиша во својот список едно име: Стојан Ванков, роден тогаш и тогаш, тоа и тоа, неженет и - доселен по војната од зад граница. „Благодарам“, рече кришум гледајќи кон касата, а тој, Ванков, имаше доверба во него и му говореше со асматично шушкање до душникот за сѐ - какви се цените на пазарот, кога бил најголемиот пожар во некој голем град, каква политика води Черчил.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Првите никулци на јаничаризмот можеа да се најдат во македонската фаланга, потоа во преторијанската гарда на римската империја, кај елитните стрелци на Руската империја, кај египетски Мамлуци Императорите имаа доверба во одбранбените елити на своите гарди кај кои беше тотално збришан првичниот идентитет, речиси засекогаш најдени во тотална амнезија во однос на своите блиски, на својот народ.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Беше една од легендарните личности во која имаа доверба и Исток и Запад, и окупираните, и окупаторите. Беше човекот-надеж...
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Пред мене беше човекот кој во својата богата личност ги помируваше сите противречности, а останувајќи секогаш тивок, близок, со лесна, ослободувачка насмевка.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Цела бригада се собравме во еден мал круг, а водичите отидоа да го бараат патот.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Некои од борците почнаа да се бунат: Како можеме да имаме доверба во овие двајца водичи кога не сакаат да нè одведат до селото.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Никој повеќе не се осмелува да има доверба во сопруга, или во дете, или во пријател.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Многу имав доверба во тебе и знаев дека печурките што си ги донел се добри, не се плашев дали некоја е отровна.
„Седум години“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2012)
Иако имаше доверба во долгогодишната слугинка, не ѝ веруваше сосем.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Да имаат доверба и другпат да те пуштат.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
А пак Рожденката, бидејќи се раскара и се дели со јатрва си Митра, се нафрли на стрико Маловите невести, а особено на помладата Тода и само кај неа имаше доверба, и само таму ја пушташе сама Нешка.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Не плаши се, ѝ рече. Имај доверба во мене.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
„Докторе, имам доверба во вас.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
На 21 јануари 1941 година А/Д 1 го известуваат Џеб дека тие расправале за прашањето за Македонија и дека таа дискусија ја испраќаат до него со цел ова прашање да се постави пред Министерството за надворешни работи.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Во однос на соработката со протегеровистите тие биле убедени од контактите воспоставени со нив преку г. Д., кој „имал доверба во нивната лојалност и нивната способност и кој ги поддржувал преговорите со нив“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Таа во Марка имаше доверба.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Ми подаваат едно книже и чкрапаат со кибритот да ми светнат. „Имај доверба во луѓево“. Потпис: трилисна детелина.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Токму заради тоа, луѓето кои добро ме знаат се чини имаат доверба во мене.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Што ми требаше сега ова, си реков, та нели јас секогаш сум горда и задоволна што имаат доверба во мене и што ме третираат како возрасна?
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
- Не биди проста. Имај доверба во мене, кога ти велам!
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Ти имаш брат, не е шега! – и пак, божем случајно, ми ги покажа мускулите.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
- Ја слушнавте? – како одвај да дочека тетка ми Ана. – А, што ви зборувам јас, а?
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)