има (гл.) - добиток (имн.)

Отпрвин тоа им беше чудно, но кога им влезе во обичај, одвај чекаа да дојде тој празник, зашто на тој ден најмногу се пиеше: колку што домаќинот имаше добици, толку чаши се креваа: за здравје на волот, за здравје на коњот, козата, телето, овцата.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
А татко ми рече: А бре имам добиток, зимата ако се оддолжи, треба храна да се купи, мораме да имаме резерва пари, а стрина ми на тоа: Ако е за тоа, ние сме преку дваесет души, ќе заштедиме на храната, неколку дена поскромно јадење и ќе ѝ купиш палто на Милка.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Кај што имаше добиток ќе ку го вјаеше вампирот и ќе му шеташе со него низ дворовите.
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
Вол, коњ, маска, магаре, овца, коза, што имаше добиток со четири нозе, та дури и кокошките ги собираа и ги тераа во дворот на Биринџиевци, каде што Мефаил кондисуваше секоја година и седеше по недела две, насладувајќи се од убавините на трите ќерки и двете снаи на чорбаџи Стојка Биринџиевски.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)