има (гл.) - ден (имн.)

Има денови кога луѓето околу тебе, оние што можеш да ги видиш, да ги перципираш, се обременети со иста мисла.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Зошто не би напишале? Оти навистина има денови во кои луѓето можат да поднесат се, но не и искрените забелешки.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
За мене тоа беше тешко и затоа одлагав. Мојата колебливост се потстакнуваше и од тоа што сепак имаше денови кога не чувствував скоро никаква потреба од чевли: оние убави мартовски денови, јасно сончеви, кога децата првпат се собуваат боси и трчајќи го сеќаваат слаткиот скокот од влажникавата пролетна земја по голите табани.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Додека на некои букви веднаш „им беше потребна помош” - вели Frere-Jones, обидот покажа дека од сé може да произлезе азбука. Frere-Jones признава: „има денови кога мислам дека е смешно тој материјал да го изнесам на пазарот.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
А има денови кога од облаците со денови и без престан се цеди дождец.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Но имаше денови кога се нафаќаа за работа речиси ревносно, приредувајќи жива претстава со запишување на своите забелешки и правење нацрти на долги извештаи кои никогаш не беа завршувани - кога докажувањето на тоа што всушност си докажуваат стануваше неверојатно жестоко и компликувано, со суптилно ситничарење околу дефинициите, со огромни дигресии, со кавги - дури и со закани со обраќање до повисоки инстанци.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Имаше денови кога ќе се состанеа и веднаш ќе се разотидеа, чесно признавајќи си меѓу себе дека навистина нема што да се работи.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Имаше денови кога веруваше во него, и денови кога не веруваше.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
XI Во Париз од мостовите на Сена се наѕираше изгревот можеби на најубавиот ден во животот на Климент Камилски. Има денови во постоењето на човекот кои се како цел еден живот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
— И утре има ден за гледање, му велам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Сонцето сѐ уште светеше над ридот Дреничето отаде езерото и до заодот имаше ден.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Дали имаше денови кога не пристигнуваа ранети? Не. Немаше такви денови.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Под ова небо што не ноќева во празни срца она што беше еднаш видено или наслушнато само се побрзо се оддалечува во чудесна преобразба од бегалец во прогонувач кој не верува дека некогаш пак ќе ни се придружи.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Од збор до збор, од препирка до препирка, се слушна и оној предлог што изгледа сите нестрпливо го очекуваа: "Кај комесарот, жени, кај комесарот дома.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
ТАТКО МИ ОДИСЕЈ
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
„Во старо време, имало денови, кога луѓето се хранеле со корени“ додаде друга.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Оти има денови чиешто сонце пред да помине над нас се распрснува како жито и како зрнесто благо над главите на сватовите И грдо е тогаш со поглед заводлив да гледаш во невестата Додека среќата во нејзините очи танцува.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Но има денови кога ѓаволски ќе разбесне. Како некни. А што беше причината? Чинам, ништо.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Има денови кога испловувам на незнајни крајбрежја. Пленета и вознемирена.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Од двесте четириесет и шесте раскази што ги има објавено во повеќе збирки (инаку имал намера да напише 365 раскази, точно онолку колку што има денови во годината), ќе ги спомнеме само збирките: Љубови без љубов (1894), Здив, како и неговиот избор Новели за една година.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Во расказите на Пирандело се сретнуваат безброј описи на судбини и на душевности на обични луѓе.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
- Молчи, вели Мисајле, уште имал дни.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Бањата вриеше од лебарки и стаорци што, со продолжувањето на векот на темницата во станот, сé повеќе се осоколуваа и имаше денови, односно ноќи, кога во сурии излегуваа од вентилацијата и ко подивени лудуваа низ гарсониерата.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)