има (гл.) - девојка (имн.)

А, истовремено секоја селска куќа, која има девојки за мажење, прозорците на собите каде што тие спијат ги оставаат отворени и низ нив може да влезе секој младич - кандидат за женидба и да биде со девојката.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Направо го заврши првиот клас во Средното угостителско. Има девојка.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
На коцката кај МКЦ имаш девојки кои ќе ти направат сѐ што сакаш, а не мора да ги ожениш.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Така беше и со Луција: се плашеше од мене, а јас дознавав од нејзините другарки дека кај нив тајно се распрашува за мене и дека прашува од какво семејство сум, што работат моите и дали имам девојка.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Таму веќе беа Лета, Вања и некои момчиња што јас не ги познавав, но Лета нè запозна со нив и се оформи една голема весела и разговорлива дружина.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Пред „Лондон” отидовме цела сурија деца од Капиштец: Снеже, Тања, Мацка, Весна, ... дојде дури и Горан, кој ми е многу добар другар, но не излегува со нас оти си има девојка, но беше замината на летување, па и тој нѝ се придружи.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Имав девојка. А и малку излегував. Хелвиг сè ми набавуваше.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Коа видел син му од царот оти и таа девојка му избега, веќе не беше го изваил треќото јаболко од пазуа, да дури приближал близу до градот.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Сечам, не сечам, најпосле извади ножето и го пресекло и тоа да види дали вистина има девојка како во другото, и едно го пресекло, беше излегла една девојка уште поубаа од другата, та му посакала леб и сол и немајќи да је дајт, невиден бис се сторила од пред него.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Според шушкањето на хартија знаев дека на мама ѝ го дале лексиконот, таа ги врти листовите и чита сè што сум напишал.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Го слушав гласот на наставничката по англиски јазик: “И претставете си, во овие години тој пишува дека имал девојка!
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Чичко ми не бил суртук и празен шиник. Имал девојка во Ташкент. Затоа сѐ уште не е женет. Таа му пишувала за пиперките и за сѐ друго.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
На крајот на Неуроромансер, целата Матрица е сензитивна.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Еден од ликовите има девојка што живее во понтонски град, гранка на Редондо.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Еден вид халуцинација...
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)