И двајцата, во молкот имаме дарба, за љубов...
„Разминувања“
од Виолета Петровска Периќ
(2013)
Петре Бакевски Петтиот христијански собор, 553, во Константинопол, го осудил и му фрлил анатема на Македониј, монах од Лихнида, поради самогласките во неговите зборови кои испуштале долги воздишки.
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
Од неизвесности составен и од осама, Македониј ги изучувал градбата и поредокот на бестелесното и имал дарби да разговара само со она кое се случувало векови и векови потоа. MARAN ATA, кога извикал патријархот, Македониј си ги собрал солзите свои во крпчето свое и рекол: одново згрешивте - ме проколнавте, но ме возгордеавте и сега ќе ме замени следниот кога веќе никаде не е оној кого само вие го гледате насекаде. ***
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
Имаа дарба работите да ги видат од сите страни, мудри беа при донесување на било какви одлуки!
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
- Нема завршено за лекар, - рече игуменот, - но има дарба и искуство... - И наследство... - рече отец Иларион.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Татко ти имаше дарба. Можеше, ако сакаше, да напише роман. Ми напиша многу песни“.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Имаше голема дарба, исто како што татко ѝ имаше дарба да прави чевли и да пои, а брат ѝ да пишува и црта.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
Исусе Христе, не! Ако воопшто постојат луѓе што ми делуваат како да имаат дарба, тоа се - секогаш тие - Пол Моран, Рамиз, Барбис, типови што беа создадени за тоа.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Веќе во медицинското училиште открија дека има дарба за цртање...
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Анализирајќи ги темелно нештата, тие имаат дарба да влезат во нивната длабочина.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
Без оглед на големата приврзаност, овие ретки пријатели не беа сосема слични меѓу себе.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Нивните карактери најдобро може да се дознаат од нивната споредба: Иван Иванович има дарба да говори необично пријатно.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)