има (гл.) - грижа (имн.)

Рада телефонски ја покани и Јана, која, за жал, сѐ уште го чувствуваше товарот и имаше грижа на совест заради промашената врска што Рада ја доживеа со Ѓорѓе.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Митко Кривашија, кој како да имаше грижа на совеста што тој поминал само со нешто принудна работа во Преспа, па авторот, како дел од прикаската за Едо Бранов од Битола, му го раскажа и ова: „Јас немам добри зборови за Сврделот“, рече Митко, „иако тој и сестра му се сржта на моите младешки години, во времето додека уште летав со перо праз, како што се вели...
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Зошто да има грижа на совеста!
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Во летните денови, кога Бојан ја имаше грижата за овците, тој не пропушташе ден, а да не се сретне со дедо Иван, кој исто така, иако стар, успеваше да оди по своето малубројно стадо.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Александар одамна веќе патува со авион.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Имав грижи, а не знаев да ги дефинирам!
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Сега мора да има грижа за двајца, за живиот и неприсутен Димостен и за дедото Костадин.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Мене ми беше жал за Тета зашто очигледно имаше грижа на совест, и, за да го свртам разговорот на друга страна, ја прашав мајка ми: - Ќе го ставиш ли и ова во романот?
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
До крајот на денот Пелагија и Перса уште еднаш убаво се договорија дека од сега натаму таа, баба Перса, ќе ја има грижата малечката Пелагија навреме и безбедно да стигнува до училиштето и од училиштето до дома.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Не се обидував да видам во моите мисли како лежи едвај подвижен, не сакав да слушнам како последните капки сила го принудуваат да вдишува и издишува, не сакав да знам ни што му врвело низ мислите во тие мигови – дали го мачела помислата на сестрите кои постојано се јавувале во неговиот дом и молеле да се најде начин да ја напуштат Виена, дали имал грижа на совеста од претпоставувањето дека во логорите на смртта ќе ги приберат и нив.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Не се обидував да ги замислам последните мигови од неговиот живот, доволно ми беше што дознав дека е мртов, дека е смирен, без телесна болка, без душевна јанѕа, затоа што сигурно на оној свет душата се ослободува од сите тегобности и самообвинувања.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
- Си има грижи, замислен е! - велам.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)