има (гл.) - гостин (имн.)

- Повели сине! Имаме гости. На зборот сине, на Рада ѝ доаѓаше да викне. „Да! Тоа е и нашиот син!“, но се воздржа, се плашеше, затоа толку внимателно одеше стапка по стапка.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
МИШКО: Маман, имаме гостин - нема ли да му свариме чај?
„Го сакате ли Дебиси“ од Лазо Наумовски (1973)
- Ќе имаме гости, - му рече на Бојана кога овој вечерта се врати од скитањето. - Гости? Какви? - му светнаа очите на Бојан.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Овчарите на поп Стојана оваа вечер имаа гости.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Овој час наш човек ми кажа дека овие дни — салам и тој не знае кога — ќе имаш гости од планина.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Се свртува кон мајка си: - Мамо, - вели, - ние имаме гости. – Нема ли да ги почестиш со колачињата?
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Толку за сега. Потаму ќе ти јавам ако излезе нешто ново, а и ти веднаш чини абер ако забележиш нешто слично во твојот мудурлак".
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Кај стрико Ѓорги веќе имаше гости.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)