има (гл.) - господ (имн.)

Па ете, имало господ и за мене. И малку ми е сега едно па: ако дојде баце!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ако има господ и за нас, такму кај себе, од десна страна ќе го држи.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Имало господ и од оваа клопка да се издутниме, — заврши Петре со утешителното и пријатно разјаснување на настанот и ги окуражи своите четници, соопштувајќи им ја и на другите војводи ново настанатата положоба во нивна корист со Толевата појава на „Гарван“.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Кога ќе дојдит твојот господ ти ќе бесиш мене вака — му одговори Арслан потсмешливо и си ја даде и втората наредба.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Ако има господ и правина се ќе излезе на бело видело, само спомените лоши ќе останат довек.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Но кога се раздени убаво дотрча еден од аазите и му соопшти дека Бахтијар ја кренал војската во правец на Маргара.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
- Има Господ! И на мојата мака се наѕира крајот.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Низ што сѐ имам јас поминато за да стигнам до овде. Ама, имало господ.
„Буре барут“ од Дејан Дуковски (1994)
Ако има господ, треба да ни се врати таткото, домаќинот, мажот... (Резигнирано).
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Ах, што зборувам јас, што зборувам? Света Пречисто, прости ми...
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
И за него имало господ! прошепна спуштајќи се крај Добра.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Имаме господ, деца, имаме – ги тешеше поп Димитрија кога почнаа да им ги симињаат прангите. – Ќе не тераат некаде подалеку, штом ни ги ослободуваат нозете. – И правилно предвиде старецот.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
- Па што да правиме, до бога, ако има господ во оваа пустелија?
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Проклет да бидам, имало господ, во тоа темничиште и по тие скапани скали да се помине само со неколку полесни случаи - чело, нос, око, шината нога, о, тоа морало некој добар ангел тука по цела ноќ да бдеел.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Ми кажуваше дека има Господ и дека тој нè гледа, а и мајка ми дека ме гледа, но дека ние не можеме да ги видиме. Оттогаш почнав да си фантазирам.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
и уште од далеку мириса на ракија, барем сега можете да кажете чии шпиони сте, вели, не оставајте ѝ товар на душата дури ќе го барате патот кон небото, кога ќе ја качувате кон господа душата, вели, на правина нѐ земате на душа, велиме ние едно задруго, прескакулица ни одат зборовите, ние сме сиромашни луѓе, печалбари, ебати небото и ебати господот, сичките сте од Македонија, сите, викаме, сичките, по зборот сте оттаму, вели, и моите родители се оттаму, ама вие немате пашапорти, верувајте ни, господине, ние сме селани и не знаеме да лажеме, јас ви верувам, ама другите не веруваат, вели офицерот, моли господине, велиме ние, прави еден голем манастир, тој ја фатил главата и со дланката ја потпира под брадата, се мисли, се двоуми, па потоа се враќа назад, ние чекаме, си шепотиме молби и молитви до господа, белки има господ, вели Стеван Докуз,
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
На сите како да ни олесна и сите си велиме: имало господ, ги виде гревовите наши, се смилува и ни прости.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ова му е прво залајување. Вистина засипнато, и натанко, како петле кога пропејува, ама лае, се мачи. Имало господ, си велам, белки ќе се раздени.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)