има (гл.) - врата (имн.)

На терасата имаше врата којашто дење беше скоро секогаш отворена и низ која се влегуваше во куќата.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Милиционерот назадгазум влезе во мракот под скалата каде што имаше врата чии праг беше на повеќе од половина метар над рамништето на ходникот.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Од вратата па се до средината на десниот ѕид, каде што има врата за влегување во спалната, миндер послан и подреден со перници.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Зар и одовде имало врати за излегување?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Во продолжение во источниот ѕид од куќата, е кренат заштитен ѕид од колци исплетени во врбови прачки за да го заштити дворот да не го подлокува него езерото; на северниот ѕид од куќата залепена е плевна со покрив од слама, поцрнет и згниен; од неговиот гнилеж во пролет изникнуваат разни тревје и по некое житно стебленце чиишто семиња паднале тука од ветрот или од птиците, и тие зеленеат и живеат сè до летото кога сонцето ќе им ја истрга влагата од северните ветришта и студови; до плевната е залепен мал готварник, кој летно време служи за готвење, за перење, за сушење месо; оградата на дворот е крива-права, со штички кои не се со иста височина, со колје кои како да се редени: некои дење, некои ноќе; на места е пренапната и раширена оградата, како детско оро што неправилно се оптега; на оградата има врата доста повисока од неа, покриена со мала стреичка за да не кисне на дождот; на вратата има ѕвонец кој при отворање и затворање на вратата, одекнува со непријатен ѕвек како камбана.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Тогаш, да речеме во наше време, тука имаше вратиче опковано со четири редови бодликава жица.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
На избор има врата со натпис “Без предрасуди” и врата со натпис “Предрасуди”.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Ако не пред тоа, тогаш му станува сосема јасно дека стапнал во изложбените простори, коишто постојано тврдат дека кон изложениот објект не е можно неутрално гледиште.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Ако ја избере првата, веднаш ќе се најде кај излезот, а втората го води во музејот.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)