има (гл.) - впечаток (имн.)

А јас морав заедно со Биби да одам на тој концерт. (Ја зема машинката и го бричи) Лобо: Ме оговаравте ли?
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Имам впечаток дека таа опасно ме мрази.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Андреевски (автор што исклучително го почитувам) имав впечаток дека ги слушам раскажувањата на мајка ми.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Тој јануари постојано одевме на 42 улица да гледаме филмови, а потоа по Бродвеј се спуштавме до 68 улица, за да ја гледаме турканицата пред влезот во кино­то каде се прикажуваше нашиот филм.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Додека го гледав сето тоа заедно таа ноќ, имав впечаток дека е многу повистинито (мислам, поневистинито, што всушност е многу повистинито) отколку кога навистина се случило - Еди и Ондин, еден покрај друг на пуста и ветровита плажа, облачен ден и само звукот од камерата, додека нивните гласови се губат во ветрот и одат некаде над песокот, додека се обидуваат да запалат цигара и сето останато.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Тогаш Тејлор слизна од него, ја грабна капата од мојата глава, отрча до прозорецот со капата преку неговата тупаница, го скрши стаклото и почна да вика: „Помош! Полиција!“
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Во февруари Ролинг Стоунс беа во градот.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Додека Тејлор висеше на него, типот извади нож.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Одненадеж, Тејлор скокна врз него. („Имав впечаток дека скокам на челична статуа. Толку беше јак“, ми рече подоцна Тејлор).
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Брајан Џонс и Нико беа добри пријатели, па тој и Дилан едно попладне заедно влетаа во Фектори, додека Велветите пробуваа, а јас со Дејвид Витни и Дејвид Вајт ги правев Сребре­ните Јастуци за мојата следна изложба во Кастели која требаше да се одржи во април. (Ги искористив и за Денс концертот на Марс okno.mk | Margina #15-16 [1995] 111 Канингем и навистина бев приврзан со нив: додека ги правев, имав впечаток дека мојата уметност исчезнува, како моите слики да одеа од yидовите и одлетуваа од нив во некој непознат правец).
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Најчудно беше тоа што и мене ова ми беше првпат да го гледам тој филм - штом го измонтиравме го донесовме во кино.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Некои луѓе останаа во текот на целиот филм, некои станаа и си отидоа, некои заспаа во своите седишта, некои заспаа во предворјето, а некои беа како мене - не можеа да го тргнат погледот од платното ниту за момент.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Навистина сакавме да го правиме тоа, така имавме впечаток дека најпосле успеавме да комуницираме со луѓето.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
ВО ОВИЕ денови пред Нова Година, како и многу други градови во светот така и во Софија се раздвижува до таа мера, што се има впечаток дека секој некаде трча, нешто подготвува, а во исто време и се радува и се нервира.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Иако немаше стрмни кривини, се имаше впечаток дека овој пат води кон ѕвездите.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Ване имаше впечаток како никогаш да не го видел порано, па се праша дали е тој воопшто оној познат Курназ.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Полните образи му пропаднаа до виличните коски, а ококорените очи толку му се откроија што му отворија постојано потечени модрини за кои се имаше впечаток дека само ако ги допреш со јаготка од прст ќе просолзат со гној.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Перо поради тоа не ѝ замеруваше, но имаше впечаток дека таа има посмирен однос кон тој "неред".
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Кога подобро се загледа во чашите во барот, имаше впечаток како некој намерно да кршел чаши.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Лутајќи така мисловно и загледан во кучето, во еден момент господинот Гроздановски имаше впечаток дека тоа се мачи да најде начин на својот стопан да му каже што мисли.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
„Хи-хи-хи...“, ситно-ситно пак се раскљака братучед ми Марко, но така што повеќе имав впечаток како да нагазил парче стакло врз камен.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Како што подоцна се сеќаваше господинот Гологанов, тој имал впечаток дека госпоѓа Гологанова се соочува со немилосреден злосторник.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Најпрвин беше замислила еден сосема класичен и глупав почеток: директорот на училиштето да им се обрати на учениците и родителите со свој говор (сите знаевме дека тоа е неверојатна глупост, оти Фисот не знаеше да срочи повеќе од два збора на хартија, и тоа под услов да бидат напишани во два различни реда; тој имаше страст за решавање крстозбори и анаграми и сите имавме впечаток дека допрва ги учи зборовите како средство за изразување).
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Мислам мајка ми од тие причини сметаше дека таму каде што се луѓето таму се и неправдите - реков. - Веројатно - се согласи Даскалов.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Имав впечаток секој момент ќе се втурне. Ама не беше така.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Имав впечаток дека Иван сфаќа оти од секоја изречена претпоставка произлегуваат многу многу нови прашања; дека постојат и премногу патеки, и дека секоја нова патека е всушност патека на заскитувањето.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
„Ох, зар треба да размислувам! Најпрвин тоа беше онаа радост, дека те носев под срцето. Тебе!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Тргнал човекот на пат што му се причинил примамлив и угоден.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
- Кога си сам, се има впечаток дека животот е на друго место.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Дека ми се причинувало оти сите негови зборови се со по многу нозе.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Сега веќе нејзините очи се вратија во собата и имав впечаток дека се облеани со насмевка.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Стариот велеше дека имал впечаток оти неговиот помал брат си заминал од овој живот без да е свесен за тоа.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Наеднаш, се чини, посегнува да го симне ранецот, но и ова движење како да се забавува а потоа сосема запира.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Еве, само ова му го пренесов, а потоа, за да обезбедам отстапница, се исклештив сосема непотребно додека објаснував дека сум имал впечаток оти зборовите на Ристе декоратерот ми се потсмеваа.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Имам впечаток дека го отворил дневникот и врши преглед на сработените задачи.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Во секој случај истиот тој ден но вечерта Иван самиот ми призна дека Даскалов му подрекол некои слични нешта, веројатно настојувајќи да пронајде оправдувачки околности во врска со исчезнувањето на неоткриениот татко.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
На човеков му требаше многу, многу борина за да спотни поубаво гламната.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Имаме впечатокот дека и натаму нѐ влече реката шетачи.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Имам впечаток дека таа го забележа моето изненадување и побрза да објасни дека не изградиле куќа затоа што местото не е нивно и сама се прашува – како да градиш куѓа на не свое место?
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
И на часовникот не гледам. Имам впечаток дека времето сѐ повеќе се смрачува, дека нѐ враќа назад.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
А сега мислеше на страот. Тој знаеше што е тоа страв, тој го чуваше во себе и него во едно мирно катче и постојано го носеше со себе, а кога размислуваше за тоа имаше впечаток како да се работи за еден дел од него, скоро како за еден дел од неговото тело, за една рака, или за една нога.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Имаше впечаток како самиот тој да го имаше оставено тука.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Кога ќе се загледаше во нивните роеви, имаше впечаток како со нив, со тоа нивно густо виорење, што носи некоја блага и бесконечно лелеава вртоглавица, да се спушташе на земјата целото небо.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Имаше впечаток како сѐ околу него да набабрело и прокапало, дури сега можеше да ги види и да им се радува на покапаните капавици од својата стреа, што се цедеа во густи шурки и ја длабеа белината.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Но уште веднаш во слизнувањето му се пристори пред погледот и тој успеа во еден миг да здогледа некакво помрднување; наеднаш имаше впечаток дека не е сам по таа угорница.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Имам впечаток дека е таа наполнета со олово - се ниша, тежи и се заканува да падне в прав.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Александар ретко гледаше телевизија, но имаше впечаток дека на секоја телевизија има индиски серии купени на кванташки пазар во Бомбај и квизови од типот Погоди го зборот.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Александар имаше впечаток дека целиот живот на неговата мајка и помина покрај Сингерот.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Нејзината сопственичка, Марија, беше самотна жена која секој ден, пред да оди на работа, ја оставаше и го замолуваше Богдана, како новодојден, да ѝ обрнува поголемо внимание на пудлицата, зашто имаше впечаток дека другите од персоналот тоа не го чинат доволно.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Татко имаше впечаток дека Камилски нередовно ги читаше позајмените книги од Татко и секогаш наоѓаше семожни изговори за тоа.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Влада Урошевиќ уште на почетокот на својот текст „Едно име: Живко Чинго“ го открива својот впечаток за прозата на овој автор: „Кога ги читаме расказите на Живко Чинго честопати имаме впечаток дека присуствуваме на усно раскажување.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Секогаш имав впечаток на крвав карневал.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Во тоа подоцна се уверив кога се вратив од мисијата во земјата која ја претставував, во Југославија, за конечно да го поднесам својот палестински извештај на некој начин раздолжувајќи се, барем официјално со палестинското прашање.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Монтењ велеше дека вистинската филозофија е можеби во учењето, прилагодувањето на смртта.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Никогаш не успевав, колку и да го следев палестинското прашање, да проникнам во неговата комплексност, непредвидливост.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Имав впечаток дека вниманието кон Арафат и Палестина не беше како некогаш.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Имав впечаток, следејќи го пулсот на владетелите одблизу во мојот живот, посебно во дипломатските години, владетелите, како Тито, Арафат или Бургиба, не само што самите ја немаа моќта да ја разберат и да се прилагодат на филозофијата на Монтењ, туку во своето неверување, неприлагодување на крајот, свртени кон вечноста низ владеење, најчесто го повлекуваа и народот со кој владееја.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
При средбите со Јасер Арафат имав впечаток дека сум пред човек едновремено лавиринт и сфинга.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Таму останала една година, помагајќи во производството на книжулиња во запечатени кутии, со наслови како „ Скокотливи приказни“ или „ Една ноќ во женско училиште“, за да бидат купувани потајно од проловската младина, која имаше впечаток дека купува нешто недозволено.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Во нередовни интервали, тие ќе му поднесеа едно валкано парче хартија за кое велеа дека е сметката, но тој имаше впечаток дека секогаш му наплатуваат помалку.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Имаше впечаток дека во оваа просторија изнуркал од некој сосем поинаков свет, од некој подводен свет длабоко под неа.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Стево Трајчов се обидуваше да го праша нешто својот адвокат кој набрзина внесуваше белешки на листот истрган од папката со материјали од истражната постапка.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Рацете на Круме Волнаровски му беа залепени со дланките и спуштени меѓу колениците (имав впечаток дека рацете му беа во силен стисок меѓу колениците, за што тој, најверојатно, не беше свесен), а главата му висеше напред така што од мојата страна можев да му го гледам само левиот образ и дел од темето во сиви нијанси како лишај на кутнато дрво.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Имав впечаток дека Илона постојано живее во тој свет, иако беше со нас, заградена со талпи во светот на Прифатниот центар.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Јас и Илона заеднички, со повремено вклучување и на Деница и Ниротакис Алимакопулос, ја организиравме акцијата “Елитен секс” на јахтата “Зора” на Големото Езеро.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Возот се затресе, провртеа тркалата во место, искри летнаа на сите страни, па Пелагија имаше впечаток дека земјата тргнува наназад, а не вагоните на напред.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Се имаше впечаток дека некој сакал да го стави под клуч самото време.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Имав впечаток дека Б.С. не го беше соблекувал зелениот хубертус сите овие денови откако за прв пат го видов.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Имам впечаток дека сум создаден да паметам.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
И бев речиси сигурен дека тој момент ќе биде означен со силен блесок и јас со љубопитство очекував молскавицата да го објави тој момент.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Забележав дека и денес, веројатно без да сум свесен за тоа, повторно ми шета низ размислите оној необичен збор Грофот што се наоѓа придодаден кон името на мојот иследник.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Всушност слушав размислувања што веќе беа изречени, но притоа, имав впечаток дека Стариот писател се обидува да ја искористи само идејата за борба против злото што беше истакната како појдовна точка во дискусиите во врска со ова интервју.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Тој гајтан од чад вистински личеше на појас од огромен џин и имав впечаток дека наближува моментот кога ќе се завитка околу вратот на забрзаниот облак.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
А идниот пат кога влегував, имав впечаток дека истата фијока е отворена и дека секој момент оттаму ќе ја извлече истата папка.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Не знам зошто но тој негов хубертус ме потсети на оние исклучителни знаци што луѓето си ги носат од своето раѓање и никогаш од нив нема да се ослободат.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Дури имав впечаток дека и не знае за ништо друго освен за тоа тркалање по низдолницата.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Можеби затоа најсигурно се чувствуваше во минатото.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Продолжи да се врти по Градот, и иако имаше впечаток дека оди во круг, имињата на улиците беа различни.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Неуспехот ќе значеше враќање во Алжир и состојба на потполна неизвесност - а јас не сакав засекогаш да се вратам во Алжир (едновремено и поради тоа што имав впечаток дека никогаш нема да можам да “пишувам” доколку живеам “дома”, а и поради политички причини.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Отсекогаш страдав од „школска болест“, онака како што зборуваме за морска болест.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Тогаш, ако можат да имаат впечаток дека хаосот во кој се нашле бил предвиден, тие се обземени од него како од еден почеток на значењето.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Но со ова имав впечаток дека тие потешко се помируваа отколку јас самиот со најновата вест од мојот познат француски издавач.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Јас имав впечаток дека рурална Албанија, која беше во еден вид педесетгодишен физички и ментален карантин се реваншираше во урбана Албанија, во која се криеја старите структури на власта.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Во шега му напишав дека останав зад врата, макар што мојот Клуч не беше лажен, бил многу пати проверуван од животот!.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Имам впечаток дека противникот се обидува да се пробие до Пиљкати.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Сѐ уште имав впечаток дека се наоѓам помеѓу планетите.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Имав впечаток дека Х.Х. упорно и доследно ја реализира програмата на тајната полиција односно Централата за моето однесување во Албанија.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Кога ја напуштав кафеаната имав впечаток дека излегувам од една од пајажините, пред неизвесноста на другата, третата.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Гледајќи ја во тоа време, имав впечаток дека не престана да живее со сеќавањето за Германецот...“ ***
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Авторот имаше впечаток дека чичко Никола е градски склад на податоци.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)