Всушност, воопшто не беше ни свесен дека имало војна.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Ако загине сонцето, ќе има војна.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Е па, тогаш не би имало војна.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
ДИМИТРИЈА: Ќе има војна. (Пауза.) Ќе има војна.
(Пауза.) МАРИЈА: Доста беше и ваков мир. (Пауза.)
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Не може да сфати во кој свет таа живее. „Скоро ќе има војна”, изговара на крајот Хана.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Таа ја беше разбрала длабоката смисла на постојаното мајкино прашање-рефрен: дали ќе има војна, дали ќе има војна!
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Тука, во Франција, денес се слави Денот на победата 8 мај 1945 година!!!
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Благодарение на таквиот великодушен гест, јас се почувствував избрана за една од првите, оттука и привилегираните читателки на најновата и засега последна епизода од книжевната серија што толку настојчиво, но и со толку сериозни и автентични причини самиот ја имаш именувано како Балканска сага. Mислам дека нејзиното објавување го следам од самиот почеток, од романот Татковите книги (објавен во 1992 година), кон кој останав и останувам трајно приврзана.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Ја чувствував нејзината загриженост, како некогаш мајкината, опсесивно обземена од запрашаноста дали ќе има војна.
8 мај 2001 г.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Ваш Луан Старова
XXIX
Мојата верна читателка Елен Лејбовиц со големо внимание ги следеше драматичните настани во Mакедонија пролетта 2001 година.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
А што се однесува до вас лично, се прашувам дали, со оглед на вашето албанско потекло, вашиот идентитет и фактот што сте биле дипломат, за вас се поволни околности, кои ви овозможуваат да имате за оваа ситуација дистанциран став и да вршите посредувачко влијание.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Внесена во мојата балканска сага таа не можеше да остане индиферентна на настаните кои ги следеше преку медиумите.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Како што мајка ми беше чувар на соништата на нашите детства, постојано обземена од опсесивната запрашаност, како што добро забележувате во вашето писмо, дали ќе има војна, така и мојот татко трагаше по стратегијата на орстанокот на семејството, жртвувајќи го својот сон крај своите книги.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Вистина е дека мислејќи на вас, јас тешко би можела да помислам на нешто друго, а што се однесува на вашите книги, пасажите кои ми искрснуваат катадневно се оние кога раскажувате како вашата мајка постојано се прашуваше и прашуваше: Дали ќе има војна!, а вашиот татко минуваше цели часови слушајќи радио за да дознае за тоа.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
А и јас мислев така. Вистина ти велам.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
„А јас мислам оти ќе има војна“, рече дед Павел кревајќи се од малиот стол до печката.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
„Зошто?“, како да се изненади татко ти.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
„Семјон, ќе има војна?“, праша наеднаш дед Павел онака, како патем, веројатно сакајќи што побрзо да ја напушти таа огромна рамнина која изгледа го плашеше.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
„Само помисли на тоа дека имаше војна!“
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Вели: „Сиромавиот никаде нема роднини“ , велеше Лазор Ночески и стана што стана на бродот, а бродот не го пуштаат одоздола, од кај нас, имало војски, имало војни, а таму ни рекоа дека сѐ е ослободено, сега мораме да вртиме околнаокол, откај Црно Море, откај Бугарија, прпа, прпа, допаткавме до Бугарија,
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Секогаш кога се зборува за војна, велат, секогаш има војна.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Кога има војна секогаш зимите се длабоки, а имањето ти рика, му се јаде. Не те прашува дали имаш, ти бара. Сите сечат за козите, јас за кравата, за магарето.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)