има (гл.) - воздух (имн.)

Да се живее од денес до утре, од недела до недела, вртејќи се во сегашноста која нема иднина, беше непобедлив инстинкт, исто како што белите дробови секогаш ќе го земат следниот здив, сѐ додека има воздух на располагање.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
„Вашата адреса?“ „Јужен булевар, број единаесет.“ „И во вашата куќа има воздух!
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Растојанието не ме интересира.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Сувата миризба на правлива волна му ги суши и стега градите и му се сака да избега надвор на отворено каде што има воздух и ширина за погледот.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Нема да има воздух, но затоа ќе ја имам слободата.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Во салонот сѐ уште имаше воздух, тие сѐ уште можеа да го видат него и тој нив, но за сето време тонеа надолу, надолу во зелените води кои за некој миг мораше да ги скријат од неговиот поглед засекогаш.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Кога ќе посакам да има воздух, јас им го кажувам тоа.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)